-->
-->
Прво се искарал со соседот, па удрил на полицијата – приведен пијан скопјанец
-->
Вчера околу 16:30 часот во ЕИК Скопје, Д.Т. од с.Долно Соње, скопско, пријавил дека соседот З.Т. (38) го вознемирувал.
Полициски службеници од полициската станица Кисела Вода излегле на местото на настанот, каде го пресретнале З.Т. кој почнал да бега.
Едниот полициски службеник успеал да го стигне, но истиот му задал удар со тупаница во пределот на градите. За кратко време З.Т. бил совладан и приведен во полициска станица, каде му бил направен алкотест и констатирани му биле 2,23 промили алкохол во крвта.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга