-->
-->
Прво обвинение за глумење фаул
-->
Англија е колевката на фудбалот, па затоа и многу работи поврзани со „најважната споредна работа на светот“ се иновативни токму во оваа земја.
Англиската фудбалска асоцијација (ФА), пред почетокот на новата сезона го уведе правилото за санкции на играчите кои ќе симулираат (изглумат) фаул, насловено како „успешна измама на судијата за време на натпреварот“.
Играчот на Карлај, Шон Милер е првиот фудбалер кому му се заканува казна за глумење фаул.
ФА потврди дека Милер „јасно симулирал фаул“ за време на натпреварот од четвртата англиска лига против Викомби, по што бил досуден пенал за Карлај. Најстрогата казна била успешно реализирана, а мечот завршил нерешено 3:3.
По прегледувањето на видео снимката од страна на дисциплинската комисија на ФА, заедно со поранешни судии, тренери и играчи, констатирано е дека Милер го изглумил фаулот, па сега на фудбалерот на Карлај му се заканува суспензија од двга натпревари. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров