Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија

Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим.
Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри.
Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија.
Ова ќе биде 16. пат во историјата Џиро да почне во странство.
„Тоа е модерно Џиро со пократки, но потешки етапи“, истакна долгогодишниот директор на Џиро, Мауро Вењи, кој ќе се пензионира во февруари на 66-годишна возраст откако по 31 пат ја дизајнираше рутата на престижната трка.
Оваа година победи Британецот Сајмон Јејтс, а рекордери се Италијанците Алфредо Бинда и Фаусто Копи, како и Белгиецот Еди Меркс со по пет титули.
МИА
Ново на Сител
-

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар
-

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела
-

МВР пресече транспорт на марихуана
-

Мицкоски за протестот на ССМ: Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март
-

Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница
-

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
