Првите снимки од Михаел Шумахер
Снимен Михаел Шумахер !! Пет години по тешката повреда на главата заработена на скијање на Алпите камерите влегоа во вилата на семејството Шумахер.
Легендарниот светски шампион во Формула 1 по страшната несреќа на скијање, кога тешко ја повреди главата веќе пет години живее скоро во целосна изолација.
Семејната вила во која живее седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер е затворена за јавноста, барем до сега. Сега семејството на славниот возач одлучи да ги отвори портите на вилата поради снимањето на документарен филм за животот на големиот ас во Формула 1.
Германските режисери Михаел Вех и Бруно Камеретнс направиле кинематографско дело со наслов „Шумахер“.
Филмот е посветен на според многумина најдобриот возач во Формула 1 во историјата. Премиерата на филмот за популарниот Шуми е закажана за декември годинава.
Во документарниот филм ќе бидат опфатени различни аспекти од животот на Михаел, а мозаикот на сторијата е претставен преку визурата на таткото на Михаел, Ролф, сопругата Корина и децата Мик и Џина.
Семејството Шумахер во целост го поддржува документарниот филм. Во филмот ќе видиме неколку ретки интервјуа и досега невидена архивски снимки. Премиерата на филмот е планирана за 50 роденден на Михаел Шумахер и за 25- годишнината од неговиот прв триумф.
Инаку пред пет години Михаел Шумахер на скијање на Француските Алпи удри во карпа и доживеа тешка повреда на главата. Цели шест месеци Шумахер беше во вештачка кома поради повеќекратните повреди на главата и рбетниот столб. Многу работи поврзани со неговата рехабилитација се уште се држат во тајност, дури и во моментов не е познато во каква здравствена состојба е легендарниот шампион.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс