Првите резултати на албанската ЦИК - Социјалистичката партија на Еди Рама освои најмногу гласови
Првите прелиминарни резултати на Централната изборна комисија во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои најмногу – 46,27 проценти од гласовите на вчерашните парламентарни избори.
Според Централната изборна комисија, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша доби 44,71 процент од гласовите, а Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета доби 6,67 проценти од гласовите.
Според резултатите од анкетата на изборите „Еуроњус“ во Албанија, трката ќе биде блиску меѓу социјалистите и опозицијата.
Околу 3,6 милиони албански граѓани со право на глас вчера избираа пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Целбаши рече дека вчера правото на глас го оствариле 48,2 отато од вкупно запишаните во единствениот избрачки список и оти изборите минале во мрна атмосфера.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение