-->
-->
Првиот вицепремиер Груби ќе учествува на трибината „Албанската кауза – пред и после Хасан Приштина”
-->
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ќе учествува на трибината „Албанската кауза – пред и после Хасан Приштина”.
Трибината, што е во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе почне во 10:30 часот.
Претходно во 10 часот, Груби ќе положи цвеќе на споменикот на Хасан Приштина во Скопје.
Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 12 часот ќе се одржи проекцијата на документарниот филм „Охрид и потоа“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово