Држејќи се за шипката и за пилотот кој речиси цело време безуспешно се обидувал да слета, Гурски во воздух поминал нешто повеќе од 2 минути пред пилотот да го приземји.
Слетувањето било прилично грубо, па Гурски завршил во болница. Го скинал левиот бицепс и го скршил зглобот на раката. За среќа, ја преживеал оваа крајно напната ситуација.
„Телото со сета сила одеше право надолу, висев борејќи се за живот. Знам дека гледав долу и мислев „Тоа е тоа!“, рече Американецот.
Најлошо од се е што камерата го снимила инцидентот, а гурски наместо снимка од убавата авантура доби спомен на еден од најстрашните настани во својот живот.