-->
-->
Први жртви на снежното невреме во Москва
-->
Во снежното невреме кое што ја зафати Москва загина едно лице, а двајца се повредени. „За жал, стихијата не помина без жртви. Еден човек загина од паднато дрво“, напиша московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на социјалната мрежа „Вконтакте“.Во Москва денеска падна 43 сантиметри снег. Од невремето биле соборени најмалку 360 дрва, а Собјанин додаде дека денеска ситуација се очекува да биде посериозна.
Москва е погодена од „Арктичка инвазија“, која донесе рекордни количини снег и леден арктички воздух, изјави Татјана Познаикова, експерт за метеорологија. Според неа, Москва е во центарот на голем циклон, кој се состои од два помали – едниот доаѓа од северозападниот дел, а другиот од Медитеранот преку Балканот, отворајќи го патот за ладен арктички воздух. Речиси 60 летови на московскиот аеродром се блокирани поради невремето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
