Свет
19. March 2020 - 8:32

Први три случаи на коронавирус во Маурициус

Маурициус ги потврди првите три случи на коронавирус, соопшти денеска владата на оваа островска земја во Индиски океан.

„Станува збор за државјани на Маурициус кои неодамна се вратиле на островот, на возраст од 21, 25 и 59 години“, се наведува во соопштението на владата, објавено на нејзиниот сајт, пренесуваат британските медиуми.

Оттаму се прецизира дека двајца од заразените работеле на крузер, додека третиот дошол од Велика Британија.