Фудбал
26. July 2016 - 11:08

Први натпревари од 3-коло во квалификациите за Лигата на шампиони

 Во фудбалската Лига на шампиони денеска и утре на програмата се првите средби од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони. 
 
Три натпревари ќе привлечат особено внимание. Бугарскиот првак Лудогорец е домаќин на белградска Црвена Ѕвезда, додека Ајакс го пречекува солунски ПАОК. Утревечер, во Истанбул ќе играат Фенербахче и Монако. 
 
Комплетни двојки за 3.коло квалификации за Лига на шампиони:
 
Вторник 
20:00 БАТЕ Борисов - Дандолк
20:00 Лудогорец - Црвена Ѕвезда
20:00 Партизани Тирана - Ред Бул Салзбург
20:00 Спарта Прага - Стеауа
20:15 Викторија Плзен - Карабаг
20:30 Ростов - Андерлехт
20:45 Динамо Загреб - Динамо Тбилиси
20:45 Шахтјор Донецк - Јанг Бојс Берн
20:45 Ајакс - ПAOK Солун
Среда
16:00 Локомотив Астана - Селтик Глазгов
19:15 Розенборг - АПОЕЛ Никозија
19:30 Астра Џурџу - Копенхаген
20:30 Тренчин - Легија Варшава
20:30 Фенербахче - Монако
20:45 Олимпијакос - Хапоел Бир Шева
 
Реванш натпреварите ќе се играат на 2 и 3 август.