Први на референдумот гласаат членовите на избирачките одбори во ДКП-та
На едно избирачко место во Државната изборна комисија (дик) утре почнува гласањето за референдумот на 30 септември. Први ќе се изјаснат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои по гласањето ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот.
Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.
Ќе се гласа во ДКП-та во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.
Најмногу пријавени за гласање има во Берн 321, Венеција 264, Љубљана 217 и во Виена и Торонто каде изјаснување ќе има за по 151 македонски државјанин. Најмалку, само 10 се пријавени за гласање во Будимпешта, 13 во Истанбул, 14 во Букурешт и 15 во Атина.
Доколку некој од пријавените граѓани за гласање во ДКП-та за референдумот допатуваат во Македонија нема да може да го остварат тоа право во земјата бидејќи неговото име ќе биде во посебните изводи од Избирачкиот список наменети за дијаспората. Гласањето во дијаспората започнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот по локално време.
Во сабота на 29 септември гласање ќе се спроведува и за болните и немоќните лица, за затворениците и за лицата во домашен притвор.
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило