Македонија
13. September 2015 - 9:21

Првенство во прескокнување пречки на хиподромот во Радишани

Коњичкиот клуб „Дона“ денеска на хиподромот во Радишани ќе биде домаќин на 4-тото коло на Државно првенство во прескокнување пречки. 

Ќе учествуваат шест македонски коњички клуба со околу 20 натпреварувачи, гостински клубови од Србија и Бугарија со свои јавачи и присуство на околу 150 посетители.

Натпреварот е целодневен и се организира под покровителство на „Пелистерка“.