Фудбал
3. February 2020 - 23:12

Првенец во Серија А: Елмас погоди за Наполи и заплака од среќа

Елиф Елмас го постигна првенец во Наполи во Серија А. Македонскиот репрезентативец го прослави на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Сампдорија во последниот меч од 22. коло.
 
Елмас е во стартниот состав на наполитанците во мечот што е во тек и во листата на стрелци се впиша во 16. минута по асистенција на Ди Лоренцо. Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.
 
Наполи води на полувреме со 2:1. Првиот гол за гостите беше дело на Аркадиуш Милик во третата минута, Елмас зголеми на 2:0 во 16. минута, а голот за домашните го реализира Фабио Квалјарела во 26. минута од пенал.