Живот
14. January 2018 - 21:46

Првата панда родена во Франција изложена пред јавноста

Првата панда родена на територијата на Франција викендов првпат можеа да ја видат посетителите на зоолошката градина во францускиот град Бувал.

Малата панда, која го доби името Јуан Менг што на кинески јазик значи „исполнување на соништата“, се роди пред пет месеци во зоолошката градина во Бувал.

„Кума“ на пандата беше сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит.