Првата јавна куќа со роботи-проститутки е преплавена со барања за силување и педофилија

Откако во Барселона е отворена првата јавна куќа со роботи-проститутки, нејзиниот сопственик Серџи Прието е преплавен со болни барања од клиенти кои сакаат роботите да им овозможат исполнување на фантазиите за силување или секс со деца.
Прието тврди дека во неговата јавна куќа може да биде исполнета секоја сексуална фантазија, бидејќи роботите-проститутки можат да се програмираат на сите можни начини.
На почетокот клиентите најмногу барале „покорни“ секс роботи, но наскоро од сите страни на светот почнале да пристигнуваат барања за симулација на силување и секс со деца, односно роботи кои наликуваат на што е можно помлади деца.
Прието нагласи дека морал да ги одбие тие барања.
Некои произведувачи на секс-роботи тврдат дека педофилите треба да ги користат за да не напаѓаат деца.
Оваа идеја ја одби професорот Ноел Шаркеј, барајќи во Обединетото Кралство да биде забранета продажбата на роботи кои наликуваат на деца бидејќи смета дека користењето на истите ја зголемува желбата на педофилите за силување на деца.
Локацијата на јавната куќа е тајна и се открива дури откако муштериите ќе платат за да користат некој од роботите.
Судејќи по многубројните резервации, за клиентите цената за секс со робот од 127 долари е вистинска ситница.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
