Првата хуманитарна помош од Црвениот крст пристигна во Албанија
Црвениот крст на Република Македонија ја испрати првата хуманитарна помош во материјални добра во вредност од 20.000 евра и 10.000 евра парични средства во Албанија и таа веќе раните утрински часови веќе присигнала во градот Драч.
-Со хуманитарната помош пристигнаа и тимовите за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот, соопшти Црвениот крст.
Оттаму информираат дека продолжуваат да ги следат и реализираат активностите и потсетуваат заинтересираните граѓани и компании дека канцелариите на општинските организации на Црвениот крст низ цела држава се отворени за соработка во период од 08-16 часот.
– Националното друштво смета дека треба да имаме координирана соработка со цел најсоодветно да одговориме на потребите и приоритетите на граѓаните на Драч. Воедно потсетуваме дека на располагање се и телефонските броеви за донации за корисниците на Македонски Телеком 143 400 и за корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари, се вели во соопштението од Црвениот крст.
Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.
За граѓани од други земји може да донираат преку:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања