Loading Video...
Свет
20. August 2019 - 19:32

Прва жртва од западнонилска треска во Србија

84 годишна жена од Белград е прва жртва од западнонилска треска во Србија оваа година. Од Институтот за јавно здравје информираат дека жената била хроничен пациент но нема информации каде е заразена. Уште два случаи се регистрирани во земјата со западнонилска треска, велат од српскиот институт за јавно здравје. До средината на месецов во земјите од ЕУ евидентирани се 68 заболени со западнонислка треска, најмногу или 48 има во Грција.