Прва жртва од невремето во Хрватска
Жена го изгуби животот откако се oбидела сама да го поправи кровот од својата куќа оштетен од силниот ветер. Несреќата се случила во хрватското гратче Нашице во близина на Осијек, јави дописникот на МИА.
Локалните медиуми пишуваат дека 63-годишната жена е првата жртва на невремето кое ја зафати Хрватска.
– Во подрачјето на нашата општина невремето направи големи проблеми. Oштетени се поголем број стамбени и деловни објекти, како и многу автомобили – изјави Зоран Кон, портпаролот на локалната полиција.
Поради силниот ветер неколку товарни возила се превртија на патиштата во јужниот дел на земјата. Во местото Грачац, неколку стотици камионџии останаа заглавени во своите возила, бидејќи поради силниот ветер не можеа да го продолжат патот.
Проблеми имаше и при нормалното одвивање на бродскиот сообраќај.
Во многу делови во Хрватска се пријавени штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45