Прва жртва од коронавирус во Малешевијата
Прва жртва на коронавирус во Малешевијата. Шеесет и деветгодишен пациент од Берово почина, откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Штипската клинична болница, а веста денес и официјално беше потврдена од Министерството за здравство. Од општината упатија сочувство до семејството на пациентот и воедно апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот КОВИД-19.
-Како општина ќе продолжиме да спроведуваме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучителна важност е улогата на секој од нас. Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација, истакнаа од општината.
Почитување на мерките, задолжително носење заштитна маска, и држење дистанца од два метри, додадоа исто така во својот апел до граѓаните.
Претходно во Берово беа регистрирани уште два пациенти од кои првиот позитивен случај е оздравен. Во моментот во Малешевијата има три активни случаи во Пехчево. Според надлежните институции пациентите се во добра здравствена состојба.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
