-->
-->
Прва титула за Фенер, а трета за Антиќ во Евролигата
-->

Кошаркарите на Фенербахче со убедливи 80:64 го победи Олимпијакос во финалето од Евролигата и дојде до големиот трофеј,а со тоа Перо Антиќ стана првиот Македонец кој три пати ја освојувал Европа.
Тимот предводен од најтрофејниот тренер во европската кошарка Жељко Обрадовиќ на убедлив начин дојде до континенталната круна.
Во финалниот меч од сезоната одигран на на фајнл-фор турнирот во Истанбул, составот на Фенербахче го совлада Олипијакос со 80:64.
Ова е трет трофеј во Евролигата за Перо Антиќ, тој е единствениот македонски кошаркар на кој му успеало тоа, претходните два пати славеше токму со Олимпијакос. Антиќ одигра осум минути на овој меч, постигна четири поени, една тројка и едно слободно фрлање, имаше и еден скок и една асистенција
Богдановиќ и Калиниќ беа најефикасни со по 17 поени во составот на Фенербахче, кај Олимпијакос Кем Бирк постигна 14.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор