Прва седница од српската Работна група за внатрешниот дијалог за Косово
Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Работната група на српската Влада за поддршка на внатрешниот дијалог за Косово, соопшти владината Канцеларија за Косово и Метохија.
Српската Влада на 16 октомври донесе одлука за формирање на Работната група, која ќе има задача да пружа поддршка во спроведувањето на внатрешниот дијалог за Косово, што го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
За претседател на Работната група е избран директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
Покрај пружањето поддршка, Работната група ќе треба и да ги следи и координира активностите на надлежните органи на државната управа во спроведувањето на процесот за водење на внатрешниот дијалог за Косово.
Според идејата на Вучиќ, во внатрешниот дијалог треба да се вклучат политичките партии, граѓанскиот сектор, научната јавност и сите заинтересирани страни, со цел да се изгради стратегија околу идниот однос на Србија кон Косово.
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква