Прва редовна координација по колективниот одмор на Собранието
Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците денеска во Собранието ја одржаа редовна координација, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор, на која, како што информираат, било договорно неделава на 1 септември да продолжат со преостанатите, незавршени седници а, следната, нова пленарна седница да биде закажана на 14 септември.
Редовната координација, како што информираат од собраниската прес-служба, била во полн состав.
Џафери, на координацијата, замолил да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за, како што се вели во соопштението, да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.
Пратениците се враќаат на работа во Собранието, на речиси месец и половина пред локалните избори.
Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.
На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.
Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – законот за изменување на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.
Ново на Сител
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК