Фудбал
22. October 2023 - 19:42

Прва МФЛ: Победи за Силекс, Вардар, Шкупи и Струга

Попладнево се одигра комплетното 11-то прволигашко коло во кое гостински победи забележаа Вардар и шампионот Струга додека честа на домашните екипи ја одбранија Силекс и Шкупи. Две средби завршија без победник. Еве ги комплетните резултати. 
Прва МФЛ  1. Коло 
ГОСТИВАР – ВОСКА 1:1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0:3
 РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0:1
ШКЕНДИЈА – БРЕРА СТРУМИЦА 1:1
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1:0
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1:0
Во Кратово Силекс минимално со 1-0 ја совлада цврстата екипа на Тиквеш. Стрелец на единствениот погодок за домаќините беше Ристовски во 80-тата минута. 
Во градското дерби  Работнички пред својата публика е поразен од Вардар со 1-0. Мечот го реши Мицевски од пенал во 77-та минута. 
Шкупи со голот на Илиевски постигнат уште во 5-тата минута ги освои трите бода во дуелот со штипска Брегалница.