Прва МФЛ: Пет победи на домашните екипи
Фудбалерите на Вардар го продолжуваат искачувањето кон врвот во домашното првенство откако убедливо со 3-0 го совладаа новолигашот Трим Лум од Струга.
Гостите не дозволија погодок во првиот дел но во вториот се разигра двоецот Аврамовски – Жуниор а овој последниот со два гола ја најави победата на црвено-црните.
Конечните 3-0 ги постави Најдовски по асистенцијата на Цветановски во 80-тата минута.
На Чаир Шкупи минимално го совлада Силекс со 1-0. Најинтересниот момент се случи во 58-та минута кога Сержињо се најде на вистинското место да ја казни несигурноста на гостинската одбрана .
ПРВА ЛИГА ФУДБАЛ
5.коло
Вардар – Струга ТЛ 3-0
Шкендија – Работнички 3-0
Шкупи – Силекс 1-0
Македонија ЃП- Борец 3-1
А.Пандев – Ренова 2-0
Ново на Сител
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче