-->
-->
Прва МФЛ: Без победник во Тетово
-->
Во последниот натпревар од шестото коло во ПМФЛ тетовска Шкендија успеа да освои само бод на домашен терен против скопскиот ривал Шкупи – мрежите мируваа. Овој меч се одигра подоцна од останатите поради големата трагедија во Тетово во која 14 луѓе ги загубија животите при пожарот што ја зафати тетовската модуларна болница.
Двата тима играа претпазливо. Иако Шкендија имаше повеќе од играта, создадоа „црвено-црните“ и неколку поволни шанси за водство, сепак малку недостасуваше скопскиот тим да си замине со трите бода. Гостите во 92. минута имаа одлична прилика за водство, но тетовци ја отстранија опасноста од гол линијата.
Од можни 18 бодови, Шкупи до сега освои 11, доволни за третата позиција, додека актуелниот шампион е на седмата позиција со исто толку бодови.
Лидер на табелата е тимот на Академија Пандев со 13 бода, еден повеќе од второпласираната Струга Трим Лум.
Фото: ФК Шкендија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
