Кошарка
9. May 2017 - 16:55

Прва „меч топка“ за финале за МЗТи Соколи

 
 
 Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи вечерва ќе ја имаатпрвата „меч топка“ за пласман во финалето на кошаркарскиот шампионатна Македонија. 
 
Двата тима веќе имаатпредностод 2-0 во победи во полуфиналната серија против Куманово и Работнички, па доколку и денеска забележат победи ќе се пласираат во финалето. 
 
 
Двата меча ќе се играат во терминот од 19 часот во малата сала на СЦ Јане Сандански (МЗТСкопје-Куманово), односно салата „Градски парк“ (Работнички-Карпош Соколи).