Фудбал
6. December 2015 - 17:39

Прва лига: Силекс ја совлада Шкендија

Фудбалерите на Силекс остварија победа од 3:1 на дуелот на домашен терен со Шкендија во еден од трите денеска одиграни натпревари од 17.коло од Првата лига.
 
Сите голови на дуелот во Кратово беа постигнати во вториот дел, а тогаш беа покажани и два црвени картони (по еден за двете екипи). Шкендија е без победа на четири натпревари во серија.
 
Екипата на Шкупи на домашен терен на стадинот „Чаир“ со убедливи 5:0 го совлада Младост Царев Двор, додека победа од 2:0 оствари Хоризонт Турново над Брегалница.
 
Поради лошите временски услови (густа магла) одложен е дуелот меѓу Ренова и Металург.
 
Вчера во дербито на колото во Велес Работнички и Вардар одиграа нерешено 1:1.
 
Табела: Вардар 40 бодови, Шкендија 35, Силекс 26, Шкупи 24, Работнички 23, Хоризонт Турново 20, Ренова 17, Брегалница 16, Младост Царев Двор 13, Металург 12.