-->
-->
Прва лига: Победа на МЗТ Скопје над Куманово
-->

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа и осмата победа во првенството откако во последниот дуел од 9.коло на домашен терен го совладаа Куманово со 92:68.
Првиот дел МЗТ Скопје го доби минимално со 40:39, но затоа во вториот дел домашните кошаркари беа подобри со 52:29. Најефикасни на дуелот беа Ѓорѓе Дреновац со 23 поени и Немања Протиќ со 20 поени, а екипата на МЗТ Скопје постигна вкупно 12 тројки. Кај Куманово најпрецизен беше Бојан Трајковски со 17 поени.
На другите дуели од ова коло беа остигнати следниве резултати: Бест – Работнички 56:80, Фени Индустри – Кожув 86:67 и Карпош Соколи – Струмица 87:68.
Табела: МЗТ Скопје А. 8-1 (победи-порази), Карпош Соколи 8-1, Фени Индустри 5-4, Кожув 5-5, Работнички 4-5, Куманово 4-5, Струмица 2-6, Бест 0-9.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
