-->
-->
Прва лига: МЗТ Скопје подобар од Карпош Соколи
-->
Кошаркарското дерби од македонското првенство одиграно синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ му припадна на шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој во последниот натпревар од 21 коло го победи второпласираниот тим на табелата Карпош Соколи со 71:63.
Одличната игра на гостите во втората и третата делница беше решавачка за третата победа оваа сезона за „аеродромци“ во дуелите со „соколите“.
Браќата Урош и Марко Луковиќ и секогаш стандардниот Ѓорѓе Дреновац беа творците на триумфот на МЗТ. Урош Луковиќ дербито го заврши со дабл- дабл ефект од 27 поени и 11 скока, Дреновац постигна 12, а Марко Луковиќ 10 поени.
Кај Карпош Соколи двоцифрен број на поени постигнаа само Душан Кнежевиќ 22, Дарко Соколов 13 и Антон Казарновски 10 поени.
Со оваа победа бранителот на титулата се зацврсти на врвот на табелата со четири триумфи повеќе од второпласираниот Карпош Соколи.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР