-->
-->
Прва лига: Лидерот Карпош Соколи поразен од првакот МЗТ Скопје
-->
Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска кошаркарска лига, откако вчеравечер во последниот натпревар од 6 коло шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 76:72 му го нанесе првиот пораз сезонава на лидерот Карпош Соколи.
По две четвртини им припаднаа на двете екипи. Првиот и третиот период ги доби домаќинот, а вториот и последниот Соколи (24:16; 15:20, 19:16 и 18:20).
Во тимот на МЗТ Скопје најистакнати кошаркари беа Душко Буниќ со „дабл -дабл“ ефект од 18 поени и 13 скока, Ѓорѓе Дреновац со 18 поени и Дамјан Стојановски и Немања Протиќ со по 14, односно 10 поени.
Кај поразениот Карпош Соколи и воопшто на мечот најефикасен беше Антон Казарновски со 22, Филип Шепа постигна 21 поен.
По дербито во „Јане Сандански“ Карпош Соколи и МЗТ Скопје се на делба на првата позиција со идентичен скор од по пет победи и еден пораз.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
-
Пред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за ивестиција, вредна милијарда евра
-
Сончево и многу топло, до 42 степени
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола