Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
Во Делчево денеска се одржа првата крводарителска акција за 2025 година.
Како што информираше Ивана Ангеловски, организациски секретар во Општинската организација на Црвен крст Делчево, минатата 2024 година на територијата која ја покрива организацијата биле подарени околу 1200 крвнни единици.
- Да напоменам дека минатата година го надминавме планот на крводарување. Имаме собрано околу 1200 крвни единици во Делчево и Македонска Каменица. Денес е првата крводарителска акција во Делчево и тече во најдобар ред. Имаме млади крводарирели кои даруваат и помагаат во зачувувањето на општото здравје во државата, истакна Ангеловски.
Апелираше во иднина што повеќе млади крводарители да се приклучат на акциите кои ќе следуваат.
- Акциите и во 2025 година ќе се организираат секој прв четврток на месечно ниво, четири пати годишно ќе имаме акции и во Македонска Каменица и трипати во годината со припадниците на МВР, додаде Ангеловски.
Од Црвен Крст Делчево на сите крводарители им се заблагодарија за денешното учество во акцијата, а на граѓаните им упатија честитка за среќни празници.
Ново на Сител
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници