Македонија
25. March 2018 - 11:28

Прва изложба на младиот ликовен уметник Таше Пефќев

Седумнаесетгодишниот ликовен уметник Таше Пефќев од Струмица вечерва во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се престави со својата прва изложба.

На неговото прво претставување пред публиката на показ ќе има 18 уметнички дела, кои, како што вели тој, се изработени со голема љубов и внимание.

Таше Пефќев е ученик во четврта година во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица и својот талент во иднина планира да го надоградува на некој од факултетите за уметност