Прва фаза од проектот „Градиме мостови“ во Кичево
![]()
Дваесет деца од различни етнички заедници беа вклучени во работилницата „Дружење низ игра и дијалог“ во рамки на првата фаза од проектот „Градиме мостови“.
Активностите ги организираа основните училишта „Санде Штерјоски“ од Кичево и „Браќа Миладиновци“ од Струга, во соработка со невладината организација „Преродба“, со цел имплементација на мултијазичноста и изработка на повеќејазичен речник.
Покрај на своите јазици, децата Македонци, Албанци Роми и Турци при интеракцијата говореа и на англиски јазик.
- Идејата за овај проект беше да се имплементира мултијазичноста, да се измешаат националностите, да се добие една синхронизирана структура на ученици кои ќе работат заедно на изработка на повеќејазичен речник, рече Јасмина Кукунешоска, кординатор на проектот. Таа додаде дека главна цел на проектот е интеграција на децата од сите етнички заедници кои учат во овие две основни училишта.
Во рамки на овај проект предвидени се три средби. По организирањето на оваа, прва средба во Кичево, ќе следуваат уште две. Крајниот продукт - изработениот повеќејазичен речник, ќе биде презентиран во Струга.
Ново на Сител
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
