Прва Ајваријада во Босилово
За добар и вкусен ајвар најважни се квалитетните пиперки, но и добри мајстори. Ова го тврдат домаќинките од Босилово кои учествуваа на првата манифестација во оваа општина посветена на популарниот деликатес. За еден ден тие испекоа половина тон пиперки од кои подготвија 250 тегли домашен ајвар. Во подготовката учествуваа 20 домаќинки, но и неколку домаќини. Секој од нив имаше свој рецепт за подготовка, некои традиционален пренесуван со генерации, некои пак применија и нови техники, но сите ја имаа заедничката состојка, пиперката набрана од нивите во нивната општина.
Градоначалникот на општина Босилово вели дека манифестацијата има за цел да направи поголема промоција на еден од најголемите брендови на регионот, пиперката и ајварот, но истовремено и поттик за развој на еко руралниот туризам.
Дека овие манифестации можат да придонесат за развој на еко руралниот туризам потврдуваат и големиот број гости кои пристигнаа од повеќе краеви на Македонија.
Во рамки на манифестацијата беше организирана и богата културно уметничка програма Првата Ајваријада во Босилово се одржа под покровителство на општината Босилово и министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар