Македонија
10. October 2020 - 19:50

Прв викенд без ДДВ

Со полупразни дуќани утринава започна викендот без ДДВ. Поголемо раздвижување можеше да се забележи во попладневните часови, но главно сликата беше како и за скеој викенд. Во моловите поголеми редици  имаше пред продавниците за облека на странските бреднови кои не се опфатени со мерката. Дел од граѓаните иако знаеа дека овој викенд е без ДДВ не биле излезени поради тоа. Оние пак кои решиле да ја искористат можноста и да купат компјутери или лаптоп, се  пожалија дека во продавниците останале  само скапи производи кои не можат да си ги дозволат.

Од продавниците за бела техника велат дека можат  да се најдат лаптопи по цена до 30 илјади денари, но може да снема затоа што количините кои се испорачуваат од странство се многу помали  поради пандемијата.

Од пазарниот инспекторат за Сител посочија дека  за време на продолжениот  викенд,  ќе бидат засилени инспекциските контроли за да се спречат евентуални манипулации со цените.

Во следните три дена граѓаните кои ќе купат ИТ опрема и македонски производи  во вредност до 30 илјади денари во целост ќе им биде вратено ДДВто кое го платиле. Бенефит од мерката можат да имаат само граѓаните кои скенираат сметки, кои ја користат апликацијата МОј ДДВ.

Очекувањата се дека за продлжениот викенд ќе биде направен промет од 170 милиони евра, а кај граѓаните по основ на поврат ќе завршат 17 милиони евра.