Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
Започна првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. На 12 факултети и 3 академии има 2100 слободни места за идните бруцоши и 820 за оние што ќе се одлучат да студираат вонредно. Сите заинтересирани кандидате кои аплицирале по електронски пат, денес, утре и задутре, можат да ги достават своите документи во еден од наставните центри на УГД, во Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци и Гевгелија.
- Унивезитетот се обидува да им помогне на идните студенти при запишување на факултет и сите оние кои успешно го завршиле средното образование со над 80 поени, можат да проверат дали се ослободени од плаќање на партиципација, изјави Мишко Џидров, проректор за настава, УГД- Штип.
На барање на студентите и невладиниот сектор, бесплатно ќе студираат и лица од ранливите категории граѓани.
- Во овие категории спаѓаат студенти со починат родител, со еден родител и повеќе други категории за кои увидовме дека и е потребна дополнителна помош, изјави Џидров.
30 % од вкупната квота е резервирана за студенти од странство.
- Имаме студенти кои се веќе во Македонија и учат македонски, тие можат да се запишат на студиските програми на македонски јазик, а доплнително за сите оние кои од странство се пријавуваат имаме студиски програми и на англиски јазик, додаде Џидров.
Прелиминарните резултати се очекуваат во петок попладне. Вториот уписен рок е на 4-ти и 5-ти септември, а третиот на 17-ти и 18-ти истиот месец.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар