-->
-->
Прв трофеј за Сенегал во Африканскиот куп на нации
-->
– Победник на Африканскиот куп на нации 2022 е репрезентацијата на Сенегал. Во финалето во Јаунде, синоќа Сенегалците ја совладаа селекцијата на Египет во пенал рулетот.
Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија нерешено – 0:0. Сенегал можеше да постигне гол во првото полувреме, но Садио Мане не реализираше пенал. Неговиот удар го одби египетскиот голман Мохамед Абугабал. Тоа се случи во седмата минута.
Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни – 4:2. Победничкиот пенал го реализира Мане.
За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка.
Египет остана на седум титули, што е рекорд. Африканскиот куп на нации се одржа во Камерун од 9 јануари до 6 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
