Прв станбен комплекс во Маврово

До крајот на годината Маврово ќе го добие првиот станбен комплекс на површина од околу 6,000 метри квадратни и 105 апартмани за индивидуално домување.
Комплексот се наоѓа на надморска височина од 1.300 метри, оддалеченост од само 150 метри од ски-лифтовите и поглед на Мавровско Езеро.
Александар Смилковски, од компанијата инвеститор Пелагонија Гостивар, посочи дека станува збор за инвестиција од околу 3,2 милиони евра што ќе го направи Маврово одлична дестинација низ целата година за оние кои го сакаат планинскиот туризам.
- Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини, е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово, изјави Смилковски.
Влатко Богоевски од Фортон, агенцијата за недвижнини одговорна за продажба на становите, при денешното означување на почетокот на продажбата, изјави дека целиот објект е енергетски ефикасен и располага со сопствена трафостаница, сопствен паркинг и дека квалитетот на становите е на високо ниво.
Посочи дека цените ќе се движат од 600 до 900 евра за метар квадратен.
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди посочи дека со оваа инвестиција Маврово добива нов објект што ќе привлекува повеќе туристи и ќе овозможи еден нов модел на вложување со купување на сопствени апартмани.
Ново на Сител
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
