Македонија
6. October 2022 - 20:23

Прв состанок на Европската политичка заедница - Македонија очекува помош за енергетската криза

Да се зајакне соработката во енергетскиот сектор, но и конкретна помош е она по кое тргна премиерот Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага. За таа цел тој попладнево веќе оствари средби со хрватскиот премиер Пленковиќ, но и со својот грчки колега Мицотакис.

Ова е втора средба Ковачевцки –Мицотакис за неколку недели, по онаа во Атина на која се договори непречено снабдување со лигнит и јаглен од рудниците во Грција.

 „Заедничките енергетски проекти се од значење за Република Северна Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот“, информираат од кабиентот на Ковачевски по средбата со Мицотакис.

Претходно македонскиот премиер се сретна и со францускиот претседател Макрон од кој доби уште една потврда на француската поддршка на евроинтеграциот процес. Македонија го зајакна договорот со Украина за олеснета и бесцаринскла трговија и снабдување со храна.

Енергетската  криза ја обедини Европа надвор од границите на Унијата.  Целта е да се зајакне соработката, а не да се замени европското семејство, беше првата порака која  денеска беше испратена од Прага.