Прв собир на Мрежата на истражувачите во областа на руралниот развој на ЈИЕ
Здружението на агроекономистите на Република Македонија (ЗАЕМ) во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, УКИМ во Скопје и Истражувачкиот центар за јавни политики од Белград, воспоставија Мрежа на истражувачи од областа на руралниот развој од регионот на ЈИЕ чиј прв собир ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на Форумот за рурален развој.
На собирот предвидено е учество на претставници на научно-истражувачки институции од сите земји во регионот и гости предавачи од реномирани европски универзитети.
Формирањето на оваа мрежа е поддржано од страна на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан управувана од Универзитетот Фрибург, со мандат даден од Швајцарската агенција за развој и соработка, SDC.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист