Кошарка
15. July 2015 - 19:46

Прв пораз на младата македонска кошаркарска репрезентација на ЕП

Младата македонска кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство во Унгарија.
 
Во натпревар од 1.коло на новоформираната (четвртфинална) група Ф, во Б дивизијата на ЕП за играчи до 20-години, македонските кошаркари попладнево се поразено од домашната селекција на Унгарија со 45:63.
 
Иако во првото полувреме нашите јуниори го контролираа резултатот и на пауза заминаа со поен предност 32:31, сепак лошо одиграниот трет период кој го загубија со 8:15, се покажа како клучен за конечниот исход на повој меч.
 
Андреј Магдевски одново беше најефикасниот наш кошаркар, а средбата ја заврши со 20 поени, 5 скокови и 6 асистенции.
 
Забележителен настап имаа и Љубомир Младеновски и Филип Бакоч кој средбата ја завршија со „дабл-дабл„ ефект. Младеновски покрај 13 поени имаше и 10 скокови, а Бакоч на 12 поени придодаде 11 скокови. 
 
Утре (15.45 часот), нашите јуниори за противник ќе ја имаат селекцијата на Шведска која вечерва ќе игра против Белорусија.
 
На табелата: Унгарија 3 бодови, Македонија 3, Шведска 2 и Белорусија 1.
 
Потсетување дека првопласираните две селекции од четвртфиналните групи ќе обезбедат пласман во полуфиналето, а само финалистите ќе се изборат на настап во посилната „А“ Дивизија.