Балкан
16. July 2016 - 20:13

Прв пат по воениот удар Ердоган се појави на улиците во Инстамбул!

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по драматичната ноќ и државниот удар денес се појави на улиците на Инстамбул.

На снимката која ја објави ББЦ се гледа како Ердоган ги поздравува граѓаните кои го отпоздравуваа.

Имено, во моментите на целосниот хаос, кога ЦНН Турк беше под окупација од војската, Ердоган синоќа се уклучи на FaceTime App апликацијата преку која го повика народот да искочи на улицаи и да се спротистави на воениот удар.