Прв пат објавено во јавност! Руски научници пред Вучиќ потопија куче во "течност која дише"
На социјалните мрежи објавено е видео на кое се гледа како руски научници пред српскиот претседател Александар Вучиќ ставаат куче во резервоар. Покрај тоа на снимката се гледа дека резервоарот е исполнета со некоја течност.
Снимката е прегледана повеќе од илјада луѓе, а меѓу коментарите може да се види дека на луѓето не им јасно што всушност се случува со кучето.
Во текст на руските медиуми за посетата на Вучиќ во Русија, се наведува дека на Вучиќ во таа прилика потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогожин задолжен за индустрија на вооружување му ги покажал резултатите од работата на Фондот на перспективни истражувања.
Како што се наведува, Рогожин на Вучиќ му прикажал неколку изуми, а едната од нив е "течноста која дише".
Пред Вучиќ куче е потопено во резервоар исполнет со течност која не содржи азот, кучето по одредено време е извадено живо и здраво од резервоарот.
- Вучиќ потоа го погалил кучето и признал дека е навистина импресиониран - наведуваат руските медиуми.
Станува збор за течност која би требало да ги елеминира условите за настанување на декомпресиона болест при спасување на морнари од потопени подморници, но исто така да спречи препрано раѓање на деца или спасување на луѓе чии дишни органи настрадале во пожар.
Таа течност пред српскиот претседател прв пат прикажана е во јавност.
Подморниците на длабочина од повеќе од 100 метри не можат со голема брзина да се кренат на површина токму поради декомпресионата болест. За да таа ситуација се избегне во јавност во подморниците ќе има течност без азот, наведува ТАСС, па оштетените подморници ќе можат многу бргу да се подигнат на површина.
Ново на Сител
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип