Прв конгрес на Независниот академски синдикат
На првиот редовен и изборен конгрес на Независниот академски синдикат (НАкС) за претседател едногласно е избрана проф. Маја Стевановиќ од Факултетот за драмски уметности - Скопје. Избрани се и членовите на Советот, Надзорниот одбор и Статутарната комисија на Синдикатот.
- На конгресот беа потврдени заложбите на Независниот академски синдикат за доследно почитување на академската автономија и за суштествено реетаблирање на улогата на академскиот сектор во општеството, како и за доследна одбрана на дигнитетот на своите членови, и нивна постојана и сеопфатна синдикална заштита, соопшти НАкС.
Независниот академски синдикат ќе се залага за: заштита на личниот, професионалниот и стручниот интегритет на своите членови согласно принципот на автономијата на Универзитетот; подобрување на условите за професионален развој и унапредување, како и заштита на интелектуалната работа и творештвото; зголемување на квалитетот на образовната и на научната дејност; заштита на правата што произлегуваат од работниот однос; подобрување на условите за работа, заштита при работа, заштита на животната и работната средина, како и посебна грижа за здравјето и животот на вработените во процесот на работата.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени