Живот
15. September 2023 - 12:18

Прв фестивал „Вкуси го југот“ во Гевгелија

Преку културно забавни содржини Гевгелија ќе се промовира како атрактивна туристичка дестинација. Под слоганот „Вкуси го југот“ од вечерва започнува новиот фестивал кој има за цел да ги презентира убавините на градот и регионот, занаетчиските работилници, ракотворци но и богатството на вкусови што ги нудат локалните производители на храна и пијалаци. Фестивалот ќе трае  од 15 до 17 септември а се реализира под покровителство на општина Гевгелија.

Фестивалот е поделен во неколку сегменти. Покрај промоцијата на локалните производи предвидена е и богата музичка програма и настап на околу 30 изведувачи од македонската поп и фолк сцена.

Во рамки на првото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ во недела низ гевгелиските улици ќе се организира и дефиле на олд тајмери.