Прв час од бесплатните курсеви по руски јазик

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска се одржа првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар при УКИМ, за кои на отворениот повик се пријавиле речиси илјада кандидати.
Поради големиот интерес и за да им се овозможи на сите кои сакаат да го изучуваат рускиот јазик, бесплатните курсеви ќе се одржат во три турнуси до крајот на академската 2016/2017 година.
Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски на почетокот на првиот час истакна дека радува фактот што по долгогодишна стагнација, заинтересираноста за учење на рускиот јазик во Македонија повторно се зголемува.
- Овој јазик на кој зборувале и твореле голем број писатели, научници, мислители, кој претставува ризница на светската култура, јазик со кој комуницира голем број од светот, и навистина заслужува олкав голем број курсисти. На конкурсот се пријавија безмалку илјада лица, што за нас е вистинско изненадување, рече Јанкуловски.
Додаде дека Рускиот центар при Скопскиот универзитет, отворен во јануари годинава, многу бргу прераснал во сериозен центар преку големиот број организирани настани со кои, како што рече, ја поттикнал заинтересираноста на македонските граѓани за рускиот јазик и култура.
Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Николаевич Шчербак посакувајќи им успех на курсистите истакна дека токму изучувањето на рускиот јазик е една од најважните насоки на дејноста на Рускиот центар.
- Убеден сум дека курсевите по руски јазик ќе имаат многу добра иднина и перспектива. Рускиот е јазикот на Достоевски, на Толстој, но освен тоа, тој е јазик и на голема наука и на голем бизнис. На руски јазик зборуваат повеќе од 300 милиони луѓе и знаењето на рускиот јазик во современиот глобален свет ја зголемува конкурентноста на оној што го познава, рече Шчербак.
Нагласи и дека рускиот и македонскиот јазик се блиски поради заедничките корени и дека курсевите се отвораат во годината кога се одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски.
Професори на курсистите ќе им бидат поранешни студенти на УКИМ, кои дипломирале на групата Руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Ново на Сител
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
