Прв академски час

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип денеска ќе се одржат првите академски часови за 2024/2025 година.
Овој настан, како резултат на соработка помеѓу УКИМ и УСС, го означува почетокот на новата академска година и ќе биде одбележан со утринска церемонија, како и со вечерен дел.
Како што соопштија од УКИМ и од УСС, свечениот час вклучува и доделување индекси на најдобро рангираните студенти од секој факултет. Посочуваат дека чинот на доделување - еден индекс на еден студент од секој факултет го симболизира врачувањето на индексите на новата генерација студенти на УКИМ.
Вечерниот дел, е организиран во духот на бруцошка забава, исполнет со звуците на неколку музички точки. Вечерта ќе започне со DJ Dimchuga, а потоа ќе следат настапи на бендовите Siotojazz, The Ringtones, студентскиот бенд УКИМЦИ, како и на пејачите Пајак и Лара.

Со слоганот „Избери мудро, делувај храбро!“ денеска и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип го организира првиот академски час „Бруцошка на УГД“.
Од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип на првиот академски час го најавија присуството на министрите за образование и наука, Весна Јаневска, за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
