Прстот на кој го носиш прстенот открива каква личност си
Можеби мислите дека е сеедно на кој прст носите прстен (не се мисли на свршувачки прстен), но не е така. Само еден поглед на вашата дланка може да открие каков ви е карактерот.
Палец
Отворена сте, весела, забавна и енергична личност која ужива во животот и секогаш спремна за нови искуства. Сакате се што е модерно и секогаш ги пратите трендовите. Не сте срамежливи и уживате да бидете во центарот на вниманието, особено кога ве фалат.
Показалец
Многу самоуверена и многу одговорна личност. Одлично се снаоѓате во улогата лидер. На околината може да и се чините како цврста и ладна личност, но под таа „челична“ површина се крие нежен и чувствителен карактер, кој ужива во убави нешта, а тоа ве прави и голем естета.
Среден прст
Луѓето кои носат прстен на средниот прст одбиваат да пораснат и неретко се себични и тврдоглави. Меѓутоа секогаш се искрени. Поради карактерната особина „вечно дете“ често знаете да ги излудувате блиските луѓе.
До малиот прст
На овој прст се носи свршеничкиот прстен, но ако сакате на тој прст да носите и друг прстен тогаш тоа значи дека се чувствителна и романтично личност. Љубовта за вас е смислата на постоењето и се надевате дека ќе ја пронајдете својата љубов која ќе ви го растопи срцето и која ќе биде вечна.
Малиот прст
Нежна, скромна и прецизна личност. Може да се каже дека се перфекциониста затоа што обраќате внимание на детали и не сакате да правите ниту најмала грешка во својот труд.Луѓето кои носат прстен на малиот прст се многу посветени на својата работа, но на тоа не ги води амбицијата туку внатрешното задоволство и признанието од страна на колегите.
На повеќе прсти
Луѓето кои носат прстени на четири или пет прсти им недостига самодоверба, а својата несигурност се обидуваат да ја сокријат со „накитен“ изглед. Вечно се во потрага по вистинската љубов и сакаат луксузни работи, но сепак луксузните работи не може да им надоместат пријатели и романтична љубов.
Не носите прстен
Сакате да водите едноставен живот без непотребни и беспотребни украси. Искрени сте, мирољубиви, паметни, вредни и секогаш сте спремни за учење на нови работи. Склони сте да се повлечете од гужви и ги избегнувате конфликтите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство