Прскање против комарци во Дебар и Центар Жупа
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуките на Советите на општините Дебар и Центар Жупа, денеска ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција против комарци, како општа противепидемиска мерка.
Како што извести Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Охрид, теристичката (од земја) дезинсекција ќе се врши денеска во периодот од 21 часот до шест часот наутро следнот ден и тоа со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Поради тоа се замолуваат сите граѓани кои одгледуваат пчели, да преземат соодветни мерки за нивна заштита.
– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени локациите каде што појавата на инсекти е и најголема, градската депонија во Дебар, локациите на крабрежјето на Дебарското Езеро, по течението на реките Радика и Црн Дрим, места каде има диви депонии и други локации, стои во известувањето на Центарот.
Во случај на појава на неповолни временски услови, ветер или дожд, дезинсекцијата се одлага за следниот поволен
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти

