-->
-->
Прскање против комарци денеска и утре во Кичево
-->

На територија на Општина Кичево денеска и утре ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција.
Оваа операција ќе се изведува во текот на ноќните часови, почнувајќи од 20 часот, па се до раните утрински часови. Ова е прва систематска дезинсекција во Општина Кичево спроведена летово.
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Општина Кичево во овие два дена ќе спроведе превентивна систематска дезинсекција на целата територија на општината. Поради оваа операција се информираат пчеларите да ги заштитат пчелните семејства.
– Доколку временските услови бидат непогодни, дезинсекцијата ќе се спроведе наредните два дена. Пред еден месец, на територијата на нашата општина спроведовме и ларвицидна дезинсекција, како и дератизација на канализациските шахти, информира Лирим Садику од секторот за односи со јавноста во Општина Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
